Прочетен: 523 Коментари: 0 Гласове:
Последна промяна: 26.12.2017 14:25
Брзо скриј се во мене
1
Скриј се во мене, немај срам,
за мене ти скривница моја си,
па така кој сум нема да знам,
а ни ти не ќе знаеш која си.
2
Исполни ме, сета во мене влези,
надвор лута зима ни се спрема,
смртта за нас токми митролези
но вака ќе види дека ни нема.
Оригиналот тука:
https://cuspajz.com/…/enes-kisev…/brzo-se-sakrij-u-mene.html
***********
Енес Кишевиќ
Присутен како светлост без глас
1
Ах, само покрај тебе да се будам,
во светов не ми треба да се вишам,
на секоја твоја мена да се чудам,
воздухот покрај тебе да го дишам.
2
Само покрај тебе тивко да светам,
присутен како светлост без глас.
И очите со очиве да ти ги сетам,
како да ќе те изгубам во овој час.
Оригиналот тук:
https://cuspajz.com/…/enes-kisevic/prisutan-kao-svjetlost-b…
***********************
Корен со крила
1
Долго јас напразно си летав.
Дојде време леко да атерирам.
Простум в земи да се цвета.
Простум во смртта да се смирам.
2
На шумата птиците ѝ се крила
а ним корен им е она.
За лет листот сам нема сила,
него виори го гонат.
3
Од земја во воздух се виши,
дрвото в шума крај нивите.
Дрвото е мостот што диши
помеѓу мртвите и живите.
4
За гранките голотијата е пекол,
птичјиот црцор ги зазеленува.
Знајте, јас ништо не сум рекол:
тоа мојата есен ме пленува.
Оригиналот тука:
https://cuspajz.com/…/p…/enes-kisevic/korijen-s-krilima.html
2. Мои препеви на сите 154 сонети на Шекспир, pdf.,формат А4, 39 страници
3. Мојата стихозбирка “Бегајќи од трпезата на моите црвци“ ги содржи и моите препеви на сите 154 сонети на Шекспир
4. Мојата стихозбирка “Со рими клоцнат Буковски“ ги содржи и моите преводи и препеви на 75 песни на Чарлс Буковски
5. Мојата стихозбирка “Аферата Неруда“ ги содржи и моите римувани препеви на 100 сонети за љубовта од Пабло Неруда
6. Мојата збирка раскази “Помилуваниот владика“
7. Мојата стихозбирка “Ловејќи ја душата на Висоцки“ ги содржи и моите препеви на 60 песни на Владимир Висоцки
8. Моето досегашно творештво собрано накуп