Прочетен: 1455 Коментари: 0 Гласове:
Последна промяна: 01.07.2013 23:17
1
А зошто како хулиган и апаш да носам вина,
како антисемит може подобро ќе си минам:
таа сорта иако без корен во законското поле
милиони ја поддржуваат за орловски полет.
2
Да, ќе се види чија мајка црна волна прела
но да видиме семитите какви прават дела:
они да ти биле многу пристоен народ стар,
покрај нив, и за мене ќе испадне некој ќар!
3
Но, еден учен пријател, пијан в кооперација,
рече дека семити се простата еврејска нација.
Па штом е така, ќе има за мене вкусна каша,
сега се успокоив, нема од што да се плашам!
4
Долго време негував дури и стравопочитание,
Алберт Ајнштајн ми беше најумствено здание.
Нека ми прости народот, ама сепак да си прашам:
да се брои ли Абрахам Линколн во шемава наша?
5
Во неа е Сталиновата жртва Кеплер, режисер,
во неа е Чарли Чаплин, филмотворен бисер,
писателот Рабинович и жртвите на фашизмот
па дури и основополжникот на марксизмот.
6
Но истиот тој пијаница пак почна да се бреца,
семитите крв им пиеле на христијански деца;
а во меана другар рече нешто што ме трасна -
дека многу одамна од нив и господ е распнат.
7
Ним крв им е неопходна шуга да си лечат,
во зоопарк и од слонот со цевче ја влечат!
Се знае, они на народот од нашата родина
реколтата жито ја украдоа минатата година!
8
Долж Курската и Казанската пруга дивеат,
изградиле викендици, како богови живеат!
На сѐ сум јас спремен, ги чекам во пусија,
ќе ги тепам Евреите и ќе ја спасам Русија! Ова е оригиналот:
Антисемиты
Зачем мне считаться шпаной и бандитом –
Не лучше ль податься мне в антисемиты:
На их стороне хоть и нету законов,-
Поддержка и энтузиазм миллионов.
Решил я – и, значит, кому-то быть битым,
Но надо ж узнать, кто такие семиты,-
А вдруг это очень приличные люди,
А вдруг из-за них мне чего-нибудь будет!
Но друг и учитель – алкаш в бакалее –
Сказал, что семиты – простые евреи.
Да это ж такое везение, братцы,-
Теперь я спокоен – чего мне бояться!
Я долго крепился, ведь благоговейно
Всегда относился к Альберту Эйнштейну.
Народ мне простит, но спрошу я невольно:
Куда отнести мне Абрама Линкольна?
Средь них – пострадавший от Сталина Каплер,
Средь них – уважаемый мной Чарли Чаплин,
Мой друг Рабинович и жертвы фашизма,
И даже основоположник марксизма.
Но тот же алкаш мне сказал после дельца,
Что пьют они кровь христианских младенцев;
И как-то в пивной мне ребята сказали,
Что очень давно они бога распяли!
Им кровушки надо – они по запарке
Замучили, гады, слона в зоопарке!
Украли, я знаю, они у народа
Весь хлеб урожая минувшего года!
По Курской, Казанской железной дороге
Построили дачи – живут там как боги…
На все я готов – на разбой и насилье,-
И бью я жидов – и спасаю Россию!
This photo of Auschwitz-Birkenau State Museum is courtesy of TripAdvisor
2. Мои препеви на сите 154 сонети на Шекспир, pdf.,формат А4, 39 страници
3. Мојата стихозбирка “Бегајќи од трпезата на моите црвци“ ги содржи и моите препеви на сите 154 сонети на Шекспир
4. Мојата стихозбирка “Со рими клоцнат Буковски“ ги содржи и моите преводи и препеви на 75 песни на Чарлс Буковски
5. Мојата стихозбирка “Аферата Неруда“ ги содржи и моите римувани препеви на 100 сонети за љубовта од Пабло Неруда
6. Мојата збирка раскази “Помилуваниот владика“
7. Мојата стихозбирка “Ловејќи ја душата на Висоцки“ ги содржи и моите препеви на 60 песни на Владимир Висоцки
8. Моето досегашно творештво собрано накуп