Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
15.02.2014 12:22 - Божјата салата
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 507 Коментари: 0 Гласове:
0

Последна промяна: 15.02.2014 13:49


    1
Додека од ципите стрвот за јуриш трубеше
во девојчинско огниште да штрцнам жар,
разумот мој очајно мислите ми ги кубеше
тегнејќи ме така кон фактот дека сум стар -
но јас не живеам за календарот да има ќар.
2
Може разумот сака да си ужива во пензија,
може за него љубовта да го изгубила вкусот,
но генетскиот порив сеуште има претензија
поротата на младата матка, макар и за кусо,
да ги сослуша сведоциве во куражна тензија.
3
Неизбежно е сите нас времето да нѐ делка,
вклештени сме во кочанот на цврста зелка -
ама јас сум црв што лигави ходници гради
за на Бога салатата од мене да му се згади.

image



Гласувай:
0


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 567097
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502