Постинг
15.04.2014 23:12 -
Четкичката за заби на Силвија Плат
1 Како кротка поетеса таа проста вистина кажа, дека си може да е предмет на поетскиот напор, но призна дека не би можела да состави лажа, дека песна за четкичка за заби би звучела тапо. 2 Но, јас сум препејувач на рими од поети врвни, занаетот им го крадам, се подмладувам со ќеф, нивната творечка немоќ ми раѓа пориви стрвни: како ривал да ги надвијам без тоа да биде грев. 3 И така, напати четкичката за заби в клозет паѓа, ја фрламе, за хигиена на забите купуваме друга. Но, старскиот ум за неа племенита намена раѓа: скришните гадни места во шолјата да ги струга. 4 Така тој случај ќе ве потсети дека плиток е јазот меѓу робувањето на устата и слободата на газот. ***************** Силвија Плат: Поезијата е тиранска дисциплина, морате да напредувате брзо, многу далеку, на мал простор, принудени сте да се откажете од сите тривијалности. А ми недостаигаат! Јас сум жена, ги сакам своите тривијалности, и чувствувам дека во романот би можела да зафатам повеќе живот, можеби не толку интензивен, но секако повеќе живот, и затоа станав многу заинтересирана за пишување роман. Новинарот: Овој став ме потсетува на одредени ставови на др. Џонсон, зар не? Како велеше др. Џонсон, „постојат одредени нешта кои го наоѓаат своето место во поезијата и постојат такви кои не го наоѓаат“? Силвија Плат: Како поетеса можам да кажам дека не е така, и дека си може да биде предмет на поетска обработка, но не можам четкичката за заби да ја сместам во песна, не можам!
Вълнообразно
Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене
За този блог
Гласове: 502
Блогрол
1. Спомен за Ева Звездева
2. Мои препеви на сите 154 сонети на Шекспир, pdf.,формат А4, 39 страници
3. Мојата стихозбирка “Бегајќи од трпезата на моите црвци“ ги содржи и моите препеви на сите 154 сонети на Шекспир
4. Мојата стихозбирка “Со рими клоцнат Буковски“ ги содржи и моите преводи и препеви на 75 песни на Чарлс Буковски
5. Мојата стихозбирка “Аферата Неруда“ ги содржи и моите римувани препеви на 100 сонети за љубовта од Пабло Неруда
6. Мојата збирка раскази “Помилуваниот владика“
7. Мојата стихозбирка “Ловејќи ја душата на Висоцки“ ги содржи и моите препеви на 60 песни на Владимир Висоцки
8. Моето досегашно творештво собрано накуп