1
Одбран пејсаж станува твојата душа,
во Бергамо, каде привлечните маски,
со танц и звук на лира ќе ти ги внушат,
нивните тажни и каприциозни скаски.
2
За љубовта да победи, надежи да живнат,
тие сепак пеат таговно, во молски манир,
како да не си веруваат во среќата нивна,
дур песната со месечев сјај им се храни,
3
од кротката, убава и тажна месечева оаза
која на птиците дремливи соништа им шитка,
а фонтаните липаат во млазовна екстаза
со вода која врз мермерните статуи се џитка.
Еве го оригиналот:
Clair de Lune
Votre вme est un paysage choisi
Que vont charmant masques et bergamasques
Jouant du luth et dansant et quasi
Tristes sous leurs dйguisements fantasques.
Tout en chantant sur le mode mineur
L’amour vainqueur et la vie opportune
Ils n’ont pas l’air de croire а leur bonheur
Et leur chanson se mкle au clair de lune,
Au calme clair de lune triste et beau,
Qui fait rкver les oiseaux dans les arbres
Et sangloter d’extase les jets d’eau,
Les grands jets d’eau sveltes parmi les marbres.
Требаше, значи, десетте грама тесто на вицот да се расукаат во четири кори за да излезе македонски, еднокилски, современ, урбан бурек со месо.
Петрета си го биваше за развлекување кори а и знаеше дека метафората е преносно значење. За да го маскира изворот на приказната а и за да обезбеди месо за бурекот, на почетокот на својот расказ Петре вклучи една мува околу главата на ликот што беше Мујо и го нарече `Човекот на кого му збрчи мувата`.
И наместо, како Мујо, да даде оглас по весници, радио и телевизија дека продава куќа и така едноставно да намами потенцијални жртви `Човекот на кого му збрчи мувата` ја фаќа работата одоколу па целата пролет, летото и половината од есента ги поминува движејќи се `по местата каде се збираат луѓето` наслушнувајќи дали некој случајно ќе изрази желба да купува куќа. И верно, се појави Хасо ама маскиран како `Тој што играше шах` за пари, надевајќи се од евентуалната шаховска печалба да си купи куќа.
И тука дојде до израз способноста на писателот Петре Димовски да си пополни цела страница А4 правејќи ја маскарадата карневал на надежта бидејќи го натера `Човекот на кого му збрчи мувата`, пред `Тој што играше шах` и мнозината присутни набљудувачи, нашироко да раскажува како божем имал куќа што ја купил од Стојан, кој пак неа во екот на Втората светска војна ја добил како чуварски подарок од сопствениците Евреи, кои пак, пред нивната депортација и гибел во концентрационите логори, му кажале дека во нејзините темели закопале злато, ама, за жал, до денес тоа злато Стојан не го откопал а ни `Човекот на кого му збрчи мувата` не можел да го откопа оти пресно бил правен операција на цревата а во куќата живеел сам откако неговите деца заминале далеку оддома и таму убаво се снашле и биле доволно богати за да го поканат да им се придружи под старост да живее со нив та затоа имал намера да ја продава куќата.
Секоја потенцијална жртва би се запрашала зошто итрецот `Човекот на кого му збрчи мувата` и неговите деца не постапуваат разумно, зошто не го откопуваат златото од темелите на куќата пред да ја продадат, ама тоа на писателот Петре Димовски не му е логичка сопка па како засилување во следната половина страница А4 додал и приказна дека од таа еврејска куќа, по војната, некој инспектор изнел железен кревет од кој, кога дома го разглобил, од цевкастите ногарки се истурило скриено злато.
Понатаму, писателот се враќа на фабулата на вицот кажувајќи дека на `Тој што играше шах` му се отвора апетит да ја купи куќата ама јадецот е во тоа дека тој всушност е сиромав кираџија кому му е исклучена струјата и му се заканува иселување па смислува цената за куќата да ја плати со купче фалсификувани девизи кои неговите деца пред некое време ги отпечатиле кај чичко им ама фалсификатот бил откриен веднаш штом во бакалницата пробале со нив да платат пиво. Децата негови логички го убедуваат дека плаќањето на куќата со тие девизи не ќе може да помине ама шахистот ги уверува дека продавачот нема да ги открие лажните девизи бидејќи ќе си ги чувал под перница за стари години. Оттука натаму дејствието добива аура на обострана измама а дотогашното отсуство на логичка подлога за дејствијата на ликовите во расказот кулминира со фактот дека измамниците се погодиле за цената па продавачот како договорената куќа, на купувачот му покажува една заклучена куќа во своето соседство а овој галантно ја прифаќа таквата презентација без да побара на увид имотен лист.
И, во завршната сцена на расказот, писателот Петре ни го претставува итриот продавач како веќе заминат со лажните пари кај децата во странство.
Итриот купувач-шахистот ни е претставен како фамилијарно, со сета покуќнина, со клучот од купената куќа и ливче хартија со нејзината адреса, доаѓа за во неа да се всели ама утврдува дека клучот не се фаќа на вратата на куќата која продавач му ја покажал само однадвор а љубопитен сосед на таа куќа му кажува дека нејзиниот сопственик е на одмор па затоа е заклучена. Шахистот инсистира дека токму таа е купената куќа, а соседот, откако го прочитува книжето со адресата, кажува дека во таа улица не постои куќа со тој број, имало празнина од еден број во ознаките на куќите и купената куќа била токму во таа празнина.
И така, писателот го завршува расказот со зборовите на `Тој што играше шах`:„Ни изгубивме, ни добивме“.
А ние, читателите што добивме?
Горчлив вкус и чувство дека сме си го загубиле времето читајќи една изнасилено растегната па сплескана и логички недопечена бурек-верзија на познатиот виц за Мујо и Хасо.
А писателот Петре Димовски за расказот доби награда од 30.000 денари бидејќи жирито во состав Славе Ѓорго Димоски, Ирена Бачиќ и Зоран Јакимоски било гладно па и таквиот бурек го изело, со оближувачки пофалби.
*********************************************
Google превод на български език:
2. Мои препеви на сите 154 сонети на Шекспир, pdf.,формат А4, 39 страници
3. Мојата стихозбирка “Бегајќи од трпезата на моите црвци“ ги содржи и моите препеви на сите 154 сонети на Шекспир
4. Мојата стихозбирка “Со рими клоцнат Буковски“ ги содржи и моите преводи и препеви на 75 песни на Чарлс Буковски
5. Мојата стихозбирка “Аферата Неруда“ ги содржи и моите римувани препеви на 100 сонети за љубовта од Пабло Неруда
6. Мојата збирка раскази “Помилуваниот владика“
7. Мојата стихозбирка “Ловејќи ја душата на Висоцки“ ги содржи и моите препеви на 60 песни на Владимир Висоцки
8. Моето досегашно творештво собрано накуп