Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
моите песни - земјотресни :-)
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия
Прочетен: 566922 Постинги: 749 Коментари: 120
Постинги в блога от Март, 2014 г.
<<  <  1 2
11.03.2014 00:27 - Црна недела
    Врз основа на англискиот превод, направив препев на песната “Црна недела“ од унгарскиот поет и пијанист Режју Шереш (Rezső Seress).
Песната е напишана во 1933 година, по нацистичките погроми. Подоцна станала многу популарна како придружник при самоубиствата па некои радиостаници одбиле да ја емитуваат. Најславна верзија испеала американската пеачка Били Холидеј.
Неодамна, на норвешкото шоу “И јас имам талент“ со оваа песна фасцинантно настапило едно седумгодишно девојче.
Црна недела
1
Без лисјата, есента е гола снага,
сета љубов, умирачката ја гушна,
ветрот заплака со проштална тага,
за нова пролет нема да слушнам.
Залудно лелекам и очи ми солзат,
луѓе без душа, кон злото ползат.
Умре таа што ја заљубив!
2
Светот сврши, надежта значење нема,
градови збришани, музика е шрапнел,
со човечка крв се црта меѓната шема,
од мртвите луѓе нема кај да стапнеш.
Едино на тивка молитва се решив:
Боже, Човекот е слаб, затоа греши.
Светот Верата си ја загуби!

 
Категория: Поезия
Прочетен: 591 Коментари: 0 Гласове: 1
Последна промяна: 16.03.2014 17:31
01.03.2014 11:45 - Бибер-будала
    За оние што не ме знаат, да кажам дека јас секој ден јадам по околу 150 грама живо мелено свинско месо, со околу 40% сланина во него и зачинето со 20% блендирана каша од лук. Плус ставам и вегета. Месото го чувам во обичен фрижидер, на околу 2-3 степени не се расипува ами се суши на решетките и по околу 3 месеци е прилично тврдо, нешто како чајниот колбас. Јас си го нарекувам живи чварки image Од неодамна пијам и по малку вино, околу 1 децилитар, во него си го топам сувиот леб.
Кога прочитав дека биберот бил многу здрав и корисен зачин, лаком за здравје, каков што сум, на две партии мелено месо (околу 20 кила) наместо вегета додавав 3% зачин “папар“ од “Подравка“ (во кој на 100 грама има околу 20 грама бибер, другото е сол) а плус зајакнував со уште околу 200 грама мелен црн бибер. Значи, сум набутал вкупно 320 грама бибер. Лук ставив нормално како и секогаш, 20%.
И бидна мојата ѓаконија, почнав од неа да си делкам како и порано, секој ден по околу 150 грама.
По неколку дена сетив дека ми трпнат нозете кога одам.
Си реков – судбина, ова ми е цената што околу 20 години бев никотински наркоман, се покажуваат последиците, сум добил пушачки стопала. Сепак, знаејќи дека виното го зголемува притисокот во крвта, престанав да го пијам, белким тоа ќе ја ублажи трпнажата.
Истовремено истражив на Интернет и најдов дека за тоа прашање се надлежни психијатрите а еден од нив, прочуен белградски доктор имаше и сајт каде изнел искуство дека во лекување на трпнење на стопалата најефикасен лек се покажала Алфа-липоичната киселина.
Беше наведено и името на лекот што ја содржи и упатството за употреба: ударна доза по две таблети на ден околу еден месец а потоа по една таблета, секој ден, до крајот на животот, бидејќи прекинувањето на терапијата веднаш ги враќало тегобите.
Кај нас во аптеката го немаше токму тој лек ама со таква киселина имаше друг, Тиацид, од една босанска фирма, и си го купив за 600 денари 30 таблети и пиејќи редовно по две на ден наскоро осетив значително ублажување на трпнењето во стопалата.
По ударната доза од 15 дена, пак купив ново пакување и продолжив со по една таблета дневно.
Јас инаку не готвам ама токму во тој период на лекување ми истекна дека душава ми сака мрсна супа па како што сум скржав, не купив од готовите супи туку решив самиот да си готвам. Рецептот ми беше: 150 грама од моето збиберено свинско мелено месо, ситно исечкано, една лажица вегета, едно здробено смотано парче од најтенкото фиде и околу 3-4 грама црн бибер – сето тоа попарено со еден литар врела вода, без дополнително варење, доволно беше да отстои 5-6 минути колку да се олади за јадење. И ептен ми се бендиса супата, особено заради доминантниот вкус на биберот, па така почнав секој ден да ја јадам: иссркам половина литар додека е уште вруќа а во другата половина надробам сув леб па и тоа го излапам. Терав така десетина дена и забележав дека и покрај редовното пиење на лекот ми се случува не само силно трпнењето на стопалата кога одам туку тие силно ми трпнеа и кога лежам.
И како што сум си опстојно посветен на себенадгледување и дијагностицирање – веднаш заклучив дека сум се затрул со секојдневна употреба на преголемо количество бибер.
Решив да престанам со самозбиберувањето, прекинав со тоа супите а и од збибереното месо не јадев, се префрлив на урда и кисело млеко и така постепено ми исчезнаа тешките трпнења. Ги допив тоа таблетите и сега веќе ни од нив не пијам а стопалата само кога по два-три саати поработувам во дворот нормално ми трпнат по малце, како што и прилега за стар човек како мене.
Се разбира, ми се појави проблемот што да правам со оној куп од 17-18 кила презбиберено месо.
И му најдов чаре: деновиве купувам свежо мелено свинско месо и сланина, и го мелам со она веќе засушеното во сооднос 3:1 за така да се разблажи концентрацијата на биберот во новата смеса која ја пробав и гледам дека не ми прави трпнење на стопалата.
Значи, испаднав ептен бибер-будала ама среќа моја што сум многу паметен image
image
Категория: Поезия
Прочетен: 526 Коментари: 0 Гласове: 0
Последна промяна: 01.03.2014 12:03
<<  <  1 2
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 566922
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502