Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
моите песни - земјотресни :-)
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия
Прочетен: 562585 Постинги: 749 Коментари: 120
Постинги в блога от Април, 2012 г.
29.04.2012 19:58 - Љубовџија
1
Кога туѓинска песна ќе ми падне в око,
гостопримство го обзема мојот дамар:
принцеза дошла, од лов со својот сокол,
а метафори висат на коњскиот самар.
2
Со жарта на текстот таа ми се плази
смислата мудра одбивајќи да ја каже,
но залудно: ја пречека најсочен јазик,
до грло што љуби и наденува на ражен.
3
Па и ако принцезата е малку осакатена
од што без рими низ блата и драки ака,
подредена на светот ќе му биде вратена
и на македонски таа најмногу ќе се сака.
4
А кога и јас долж Небото ќе се сновам -
помнете ме како препејувачки Казанова.  
Категория: Поезия
Прочетен: 422 Коментари: 0 Гласове: 0
25.04.2012 14:02 - Времето јаде
Ова е мој препев на песната “Времето јаде“ од англискиот поет Keith Douglas.
1
Лакомото Време цветови има на своето мени,
во есента, мајсторски е оплодена секоја пупка:
ги гнете животните, гнете мажишта и жени
но десет создава за десетте што отишле в дупка.
2
Ако се прашуваш за тајната како ти се роди
толку крупен, како да си исечен од карст,
ќе се покаже дека Неговата вештина те води
токму така како што треба за твојот раст.
3
Но, додека Времето создава, Тоа лукаво и јаде:
она кое го започнало, не го ставило во пресол
туку на својот преживарски јазик му го даде
за така полека во сок да го соџвака сето месо.
4
Материјалите и изработките се во долг попис
во наборите на тоа непостојано огромно црево:
мислите, амбициите и напорите Тоа ги топи
па и цел свет за Него е само еден залак кревок.
5
Тоа создава нова змиска кожа и опаш на гуштер,
Тоа клопоти како да е мисир на парење пуштен,
и иако мене од дете постојано ме воздига и расте,
за едно нешто од него јас подобро сум спастрен:
о, Време, Ти што љубовта моја сега ја подјадуваш,
друга таква Ти нема да родиш за да ѝ се радуваш.
****
Ова е оригиналот:
Keith Douglas

 

Time Eating
1
Ravenous Time has flowers for his food
at Autumn–yet can cleverly make good
each petal: devours animals and men,
but for ten dead he can create ten.
2
If you enquire how secretly you’ve come
to mansize from the bigness of a stone
it will appear it’s his art made you rise
so gradually to your proper size.
3
But while he makes he eats: the very part
where he began, even the elusive heart
Time’s ruminative tongue will wash
and slow juice masticate all flesh.
4
That volatile huge intestine holds
material and abstract in its folds:
thought and ambition melt, and even the world
will alter, in that catholic belly curled.
5
But Time, who ate my love, you cannot make
such another. You who can remake
the lizard’s tail and bright snakeskin
cannot, cannot. That you gobbled in
too quick: and though you brought me from a boy
you can make no more of me, only destroy.

Категория: Поезия
Прочетен: 561 Коментари: 0 Гласове: 0
25.04.2012 04:50 - Киш како плиш
 плиш3. Рана на устахерпес. Латинско име: herpes Англиски: herpes

Употреба: Медицина

Слично со: херпес (м.) Очигледно опседнат со препотентен интелектуализам, Киш делото на Штајнер постмодернистички го плагира во стилот на некоја учителка што по зададената тема “Една моја случка“, писмената работа на својот ученик ја поправа разгранувајќи ги речениците со дополнителни детални описи на местата кои не ги видела ниту знае како би можеле да изгледаат, сѐ со цел да му покаже колку е таа пописмена од него.

Притоа, таа е слепа за фактографските грешки, нејзе ѝ е важно дека дејствието го направила динамично, дека во описот на настанот уфрлила пет метафори повеќе од својот ученик.

 

Во конкретниов случај,учителката Киш (во „ Гробница за Бориса Давидовича“)ги направил следните фактографски грешки:

Штајнер кажува: “Пронашли су га у близини места гдје се таложи текуќа шљака из БМЗ“ а Киш тоа го растегнува во ваква кора: “Четвртог дана неки га стражар откри у близини ливнице, зараслог у браду и налик на утвару, где се греје уз велики котао у којем се таложи текуќа шљака.“ Глупо е да се каже дека бегалецот го откриле “…где се греје уз велики котао у којем се таложи текуќа шљака.“ а тоа место да се дефинира дека е “у близини ливнице“ кога е јасно дека “котелот во кој се таложи течната шљака“е составен дел од ливницата. Фактографска грешка е и самото воведување на котелот во описот. Штајнер не зборува за котел, што е и нормално, шљаката е отпаден материјал и тој не се собира во котел. Во котел се собира металот и веднаш се лие во калапи а шљаката се таложи во широки укопани бетонски базени за побрзо да се излади и потоа одвезе настрана. Штајнер реално кажува како што ја чул случката – дека бегалецот, сардисан, едноставно рипнал во базенот со сеуште течна и врела шљака и изгорел. Ама на Киш му требало акција, па покрај тоа што го измислил котелот, додал и скали по кои бегалецот се качува до отворот на котелот и потоа рипа во течната шљака. Само препотентен а глуп човек може тоа да го смисли – шљаката да се збира во котел. Котел е од 5 страни заграден сад кој се полни или празни од шестата слободна страна. Како замислувал Киш да биде испразнет котелот со изладената шљака? Таа тогаш ќе била цврста, компактна, речиси како монолит слиен со самиот котел. Ќе ангажирале работници со штемајзи и длета да вадат грутка по грутка од шљаката? Па не се толку глупи ливците – тие знаат дека наједноставно е шљаката да истече во големи отворени бетонски базени од каде што по нејзиното ладење со машински утоварувачи или рачно со копачи и лопати може да се товари на камиони или запрежни коли за да се ослободи базенот за нов ливнички процес. Јас предлагам Партик да не си го арчи времето вадејќи други цитати за споредба – ачик е работата, Киш во “Гробницата….“ бил безобразен и препотентен плагијатор. Плус бил и улизица од прва класа, бидејќи секој од расказите во “Гробница…“ ги посветил на некој од тогаш влијателните книжевни критичари или писатели а еден расказ е посветен и на Карло Штајнер, демек, еве батка, и тебе те удостоив со посвета, откако те испокрадов. И мислам дека после сето ова би требало тоа негово толку фалено дело да го викаме “Гробницата за Данило Киш“ Слични мои написи:
http://lupcobocvarov.blog.mk/2009/12/12/marsel-propust/
http://lupcobocvarov.blog.mk/2008/02/16/murat-kolecot/
Категория: Поезия
Прочетен: 1158 Коментари: 0 Гласове: 0
Последна промяна: 25.04.2012 04:51
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 562585
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502