Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
моите песни - земјотресни :-)
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия
Прочетен: 316297 Постинги: 730 Коментари: 119
Постинги в блога от Август, 2011 г.
2  >  >>

Ова е мој препев на песната “Вљубен во мртва алапача“ од Matt Haught.

 

В о в е д
01.
Во куќата нова кога се вселив
видов дух како во мене цѐли!
И помислив дека е неизбежно
со песнава да се убивам нежно.

 

Вљубен во мртва алапача
1.
Дека тоа е лудо некој би рекол,
тажна карта право за во пекол -
ама јас морам машки да кажам -
доста ми е да се кријам и лажам!
2.
За ова никогаш мисла си немав -
дека куќата романса ми спрема!
Е па еве ја мојта сторија кратка -
љубов со духовита жена слатка!
3.
Мир и милина нејзина се руба
ама напати има навика груба:
гордо си ја врти главата во круг -
оти тоа не го можел никој друг.
4.
И друга има амбиција ко краста -
се спрема за циркуски настап:
ножој кон мене фрла без замор
но јас ги сметам стрели на Амор.
5.
Еднаш стокмив рандеву на свеќа
и таа со секира блесна од среќа;
ама јас бев далековидно мудар
кога избегав пред нејниот удар.
6.
Услужна е – без око да ѝ трепне,
по скалите стално ќе ме спрепне!
А кога напати ќе си скршам рака
да видите колку среќна ме сака!
7.
На сликата кај ја гушкам на плажа,
ја нема, велат дека наивно лажам!
Кај мене нема никакво сомневање -
сето ова за брак ни е загревање!
8.
Сѐ на сѐ, работите одат кон врв -
таа ми рече дека сум ѝ бил прв
а едино што е мала компликација -
ме чека доживотна мастурбација!
9.
Кон неа мртва одам навидум жив,
и смело го чекам задгробниот здив.
А кога конечно кај неа ќе се качам -
скапо ќе ми плати љубената алапача!
==============
Еве го оригиналот:
Introduction

After moving into my new house, I couldn’t help but notice a really cute apparition

was trying to kill me.

I’m In Love With A Dead Bitch
Some say it’s crazy, the tale I’m going to tell
Other’s have said it’s my ticket straight to hell
But either way I’ve decided to stop trying
To hide the truth, I’m just so tired of lying
So this is my story of how it could be
I fell in love with the ghost who’s been haunting me

Moving into this house I didn’t know I would find
Such a caring, violent spirit had been left behind
I’ll be the first to admit that in the beginning
That when she’d show up, and her head would start spinning
I was a little uneasy, but soon I would start
To find it cute when she’d throw knives at my heart

And it wasn’t soon after, I had a growing suspicion
That I was falling in love with a sexy apparition
So I had a seance, just me and a wax candle
My love showed up and beat me with an axe handle
But that’s just her way of showing she cares
Like her loving game of pushing me down the stairs

I’ve tried to explain, but my family doesn’t get it
I send pictures on holidays, but I’m the only one in it
But overall, the only thing I find frustrating
Is our sex life consists of me masterbating
Other than that you won’t find true love truer
There’s no issue of trust, hell I can see right through her

So what she’s dead, and I seem to have life
Is that any reason she can’t legally be my wife
Marriage is inevitable, the court’s already showed us
That by declaring me insane they’re starting to take notice
And when we exchange vows, I’ll know it to be true
That I will honor and obey her, until death happens to me too

by Matt Haught 
Категория: Поезия
Прочетен: 257 Коментари: 0 Гласове: 0
29.08.2011 18:20 - Хорор-сонет
 1

За одговор многу важен сеуште не е касно:
дали чупето, што пишман се стори за бракот,
кога ќе биде стара мома ќе залелека гласно
и мене ќе ме бара да ѝ го осветлам мракот?
2
Дали што ја сонував на Ѓавато расчепатена
како поток-лава од ѓул-китки мирисно рига
значи дека за подигравката цената е платена
па Господ ја запишал во чедородната книга?
3
Има ли шофер нејзината судбина напатена
да закочи токму пред мостот што е урнат
и ќе биде ли среќна како мајка ми вратена
ко неротка во која тате похотно се втурна?
4
Во зодијакот сите наши стории се вдомија
но само вештак ја чита небесната помија.

Категория: Поезия
Прочетен: 257 Коментари: 0 Гласове: 0
Последна промяна: 29.08.2011 18:27

 

1
Човештвото се мисли дека е џин во лулка
што раат го чека и секогаш полно тенџере
а несвесно е дека го дебне колосот-вулкан
со осум години заѕидано небесно пенџере.
2
Сеедно е дали ѕидот ќе е пепел од Тамбора
ил`езерото Тоба ќе блуе непроѕирна чипка:
вулканските зими флората ќул ќе ја сторат
и гладта ќе ја осети и најграбливата рипка.
3
Секој што за опстанок на породот има страв,
големи резерви сува храна треба да си има:
мед, суво месо, грозје, урми, млеко во прав
а и покривки и облека како за поларна зима.
4
Иако живееме како во добро заштитено трло,
секој сам мине низ еволуционото тесно грло.

Категория: Поезия
Прочетен: 196 Коментари: 0 Гласове: 0
Последна промяна: 27.08.2011 16:48

 

 

1
Малоазиската Лидија, со главен град Сарди,
измислувачка е на златните и сребрени пари,
лулка на воени вештини и на кралски гарди,
на занаети и еснафи први и вештини стари.
2
Еднаш осумнаесет години неродни стегнаа,
гладта се закани гените лидиски да згаснат,
но граѓаните неа со итроштина ја избегнаа -
еден ден јадеа, друг ден со игра таа спласна.
3
Лидија стана и прва во светот мудра нација,
на женските чеда вредноста им ја призна,
да си имаат целосна трговска еманципација,
за пари, мажјата од слаткото да им лизнат.
4
Така младата мома со мираз ќе се згрижува,
мазна и слатка како медот а не се излижува.

==============

Извор: Херодотовата историја, Прва книга насловена КЛЕО, пасус 93 и 94.

Категория: Поезия
Прочетен: 174 Коментари: 0 Гласове: 0
Последна промяна: 26.08.2011 17:39
22.08.2011 15:27 - Сонет на копче

1
Правам сонет на заповед, на притисни-копче,
четиринаесет млазови што скокаат во место,
еднакво долги, како класја во житно снопче
врзани со јажица усукана од логичко тесто.
2
Во три строфи се развива некаква лесна тема,
сеедно за што и како, важно да е скокотлива;
во изразот, досетливоста не смее да има трема
оти делфинот на  метафората ќе ми отплива.
3
И секогаш кога ми се чини дека суша фатила
и дека творечка блокада мислата ми ја стега,
се буди и ме мава Камшикот Божји на Атила
потсетувајќи ме на великанот Лопе де Вега.
4
За животта, три илјади сонети тој ни состави,
а во еден, и аманет за да го надминам оставил.

==============
Лопе де Вега

Sonet na brzinu

Kad me za sonet zamoli Juana,
velika briga poče da me brine,
jer stihova četrnaest sonet čine,
al nu, četiri već su napisana.

Mišljah: bar rima da mi bude dana,
a evo već sam sred druge kvartine,
pa ako stignem do prve tercine,
tad za kvartine briga je zbrisana.

Ulazim evo u prvu tercinu
i sve se čini da tu smetnje nema,
jer ovim stihom već i ona minu.

Malo po malo i druga se sprema,
pa i trinaesti stih mi evo sinu;
broji četrnaest, gotova je tema.

Категория: Поезия
Прочетен: 213 Коментари: 0 Гласове: 0

 

1
Дикат-мома домаќинка поет за маж си зеде
но откри дека е со душа горда а чичкосана,
како руно овчо скитано по дивјосан предел,
од брбошки метафори тутканица ничкосана.
2
И со вода вруќа штедро ја попари таа душа,
ја истреби од калта, спиците и грдите раски,
ја искуба во пластови на сонце да се сушат
и во кадели ја развлачи со гребните драски.
3
Па испреде и вапца за јаток најнежна преѓа,
на разбој растегна основа од харфени жици
и истка шалче на риги со правоаголна меѓа
за песните да му ги штити од плева и трици.
4
И така поетот со новата душа стана мазен
а стихот му екна ептен римуван ама празен.

Категория: Поезия
Прочетен: 220 Коментари: 0 Гласове: 0
Последна промяна: 18.08.2011 16:08

1
Млади а умрени за вниманието на публиката
на еден младоумрен роденден ќе му слават:
торта направиле според него жив на сликата
и со погребно возило на протест ќе ја стават.
2
Потоа храбро ќе му засечат првин од краците
и на хартиени чинијки ќе излачат лига сласна
извикувајќи во паузите дека видни се знаците
оти режимот со народот фашистички сраснал.
3
А некои од нив сонуваат и молотови коктели
како одговор посоодветен од мирните дебати
оти се чувствувале излупени, како мекотели,
од режимот што привилегиите им ги скратил.
4
Македонскиот непокор во корнер бил шутнат
и затоа со канибалска торта власта ќе ја кутнат.

Категория: Поезия
Прочетен: 210 Коментари: 0 Гласове: 0

1
Во косата златна на охридска нимфа има копнежно кадило
што сладострастен монах со дурбин го распали наврапито;
росејќи со очите темјан врз торзото што му се усладило,
тој со своите гладни солзи коктелисува љубовен напиток.
2
Го моли Бога умот да ѝ го сврти кон манастирска служба,
за тој да ѝ биде исповедник и прикрепа во духовниот ôд,
тајните на гревот и покајанието да ги откријат во дружба
а спасението преку воздржување да им биде среќен плод.
3
Мислев дека на повидок е македонска Богуугодна идила
ама кон катастрофичен исход ѓаволот бурична со прст:
до нимфата се трати еден дибек облечен во срма и свила
а на вратот му камбанисуваше од полкило златен крст.
4
Среќната нимфа ги разголи атрибутите сами да си кажат
и видовме дека на левата цицка имаше кадило-тетоважа.

 
Категория: Поезия
Прочетен: 182 Коментари: 0 Гласове: 0

 

1
Летото деколтирано ерекција во гаќите му внесе
но мудроста советува кај жени да не ја пласира
зашто во доба е за клеветна стапица плен лесен
а стажот брачен го научи десанка да го масира.
2
Тој ги запомни мирисите на младешката пролет
и ги препознава во бесрамно разголените тела
што како летечки бордели со прекраток долет
го арчат сокот на младоста во бесплодни дела.
3
Речиси секој газ и цицка, колку толку цврсти,
се чепатат понудно на интернетските плажи
па и беспари човек може да си омрси прсти
колку за егленџе и тој да се вброи во мажи.
4
Достапен, хигиенски, без опасност од красти,
Интернетот е најголем смирувач на страсти.

 
Категория: Поезия
Прочетен: 181 Коментари: 0 Гласове: 0
Последна промяна: 14.08.2011 16:35

 

На Edward Alexander, мојот четврти внук

1
Добредојде и живеј многу години, Едвард,
тарабите на моите насмевки ти ми ги урна,
па мора да го истакнам мојот поетски гард
со стихови што кон тебе гргорно ќе јурнат.
2
Случајот за несреќи од апсурд квасец прави
а среќа е кога без нив живеат нашите мили;
твоето име и помислите за нив нека ги штави
та да висат како скалпови на подмолни сили.
3
Ти ќе бидеш гардеробер на надежите наши,
твојот раст ќе ги чува од напади на молци;
тебе ни пајажина ни прашина ќе те плаши
оти се роди во земја на пустинските волци.
4
Ти си моја утеха за кога нема да бидам тука
оти знам дека срцето твое и за мене ќе чука.

 
Категория: Поезия
Прочетен: 352 Коментари: 0 Гласове: 0
Последна промяна: 13.08.2011 16:30

1
Сонувам разбуден дека сум Џеј-Зи на диво,
со затворени очи создавам ново рап-дело,
врел вршник на гради ми го запира здивот -
а тоа само Бијонсе паднала врз моето тело.
2
Си се галам без допир, сал со мисла задна,
и со затворена уста бацувањето ми е врело,
за зрак на либидо темнината стана гладна -
оти Бијонсе беше паднала врз моето тело.
3
И се дигна јарболот, се оптегнаа сите едра,
ја сакам од сите причини а љубовта на чело,
медена влажност ги облекува моите бедра -
оти Бијонсе усмено полагаше на моето тело.
4
А кога помислив дека кон виножито се дигам -
ме разбуди в гаќи пикнат еден полжав лигав.

Категория: Поезия
Прочетен: 350 Коментари: 0 Гласове: 0

1
Тричлената комисија од фестивалската клика
од четириесет поетски  книги да одбере една
линијата на помалиот отпор за спас ја вика
па процедурата за елеминација е следна:
2
надвор оние за кои ниту една ургенција нема,
останаа десет, ги објавуваме за да си олесниме.
Чекаме понуди за тоа што за нас ќе спремат,
лицитацијата на само тројца да ја да стесниме.
3
Нивните аргументи во нашите џебови се пробија,
па листа од тројца објавивме, за ждрепка годна;
демократските принципи и јавност ќе добијат,
на фестивалот ќе се прикаже селекција плодна.
4
Така праведно сработивме, без тормоз и итање,
но најпријатното е дека се спасивме од читање.

Категория: Поезия
Прочетен: 176 Коментари: 0 Гласове: 1
2  >  >>
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 316297
Постинги: 730
Коментари: 119
Гласове: 486