Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
моите песни - земјотресни :-)
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия
Прочетен: 343243 Постинги: 738 Коментари: 120
Постинги в блога от Септември, 2013 г.
 Ова е мој препев на песната “ Сомнежот за идните непријатели“ напишана од англиската кралица Елизабета Прва. 1 Сомнежот за идните непријатели сегашната радост ми ја брка, мудрува да внимавам на заканувачки клопки од кои јад се срка; во измама, и кога осека бидува, раја верува дека плимата иде, што, ако разум управува или мудроста ткае, не треба да биде. 2 Само славољубив а неискусен ум, под облак на радоста квачи, а кога ќе се смени ветрот и заврне, во доцното каење се мачи. Навидум, врв на надежта е дека коренот ќе биде крунисан но подмачканата измама наскоро со јаловост ќе го урниса. 3 За очите што од гордост и од голема амбиција се заќориле, лек се само предвидливи луѓе што измамата ја раствориле. Ќерката на расправата што секогаш семе на разидување сее, со мир и знаење на поранешни правила, плод нема да жнее. 4 Странец или отфрлен човек не ќе се закотви во овој пристан, потоците наши нема да ги бунат секти, другаде нека се чистат. Иако мечот мој заборавен одмора, наострен е да одбие напад, да ги праша нивните глави за каква промена секој од нив зјапа.
   Ова е оригиналот:
The Doubt of Future Foes By Queen Elizabeth I
The doubt of future foes exiles my present joy, And wit me warns to shun such snares as threaten mine annoy; For falsehood now doth flow, and subjects’ faith doth ebb, Which should not be if reason ruled or wisdom weaved the web.
But clouds of joys untried do cloak aspiring minds, Which turn to rain of late repent by changed course of winds. The top of hope supposed the root upreared shall be, And fruitless all their grafted guile, as shortly ye shall see.
The dazzled eyes with pride, which great ambition blinds, Shall be unsealed by worthy wights whose foresight falsehood finds. The daughter of debate that discord aye doth sow Shall reap no gain where former rule still peace hath taught to know.   No foreign banished wight shall anchor in this port; Our realm brooks not seditious sects, let them elsewhere resort. My rusty sword through rest shall first his edge employ To poll their tops that seek such change or gape for future joy.
image
Категория: Поезия
Прочетен: 390 Коментари: 2 Гласове: 2
 плиш3. Рана на устахерпес. Латинско име: herpes Англиски: herpes

Употреба: Медицина

Слично со: херпес (м.)

Данило Киш, во „ Гробницата за Борис Давидович“, очигледно опседнат со препотентен интелектуализам, делото “7000 денови во Сибир“  на патилецот Карло Штајнер  постмодернистички го плагира. Писателот Мирко Ковач, во документарна емисија на Хрватската телевизија кажа дека Данило Киш, откако дознал дека француската писателка Маргарет Јурсенар го прочитала француското издание на “Гробницата...“,  се стрчал во Париз за лично да го чуе нејзиното мислење за делото и се разочарал во себе како писател зашто таа му рекла дека делото е совршено напишано ама имало само една фактографска грешка - некое сирење, што почнало да се произведува тек во 17 век, било спомнато како постоечко во 16 век,  по што,   Киш во подоцнежните изданија на делото, тој факт го избришал.

Јака штикла за сирење таа Маргарет штом не можела да открие дека  Киш, плагирајќи ја книгата на Карло Штајнер,  направил многу поважни фактографски грешки.

На пример,  за еден бегалец Штајнер кажува: “Го пронајдоа во близина на местото каде се таложи течната згура од БМЗ“ а Киш тоа го растегнува во ваква кора:  “Четвртиот ден некој стражар го откри во близина на ливницата, зараснат  во брада и налик на сениште, кај се грее до големиот котел во кој се таложи течната згура.“

Глупо е да се каже дека бегалецот го откриле “…кај се грее до големиот котел  во кој се таложи течната згура.“ а тоа место да се дефинира дека е  “во близина на ливницата“ кога е јасно дека “котелот во кој се таложи течната згура“ е составен дел од ливницата.

Фактографска грешка е и самото воведување на котелот во описот. Штајнер не зборува за котел, што е и нормално, згурата е отпаден материјал и не се собира во котел.

Во котел се собира металот и веднаш се лие во калапи а згурата се таложи во широки укопани бетонски базени за побрзо да се излади и потоа одвезе настрана.

Штајнер реално кажува како што ја чул случката – дека бегалецот, сардисан, едноставно рипнал во базенот со сеуште течна и врела згура и изгорел.

Ама на Киш му требало акција, па покрај тоа што го измислил котелот, додал и скали по кои бегалецот се качува до отворот на котелот и потоа рипа во течната згура.

Само препотентен а глуп човек може тоа да го смисли – згурата да се збира во котел.

Котел е од 5 страни  заграден сад кој се полни или празни од шестата слободна страна.

Како замислувал Киш да биде испразнет котелот со изладената згура? Таа тогаш ќе била цврста, компактна, речиси како монолит слиен со самиот котел.

Ќе ангажирале работници со штемајзи и длета да вадат грутка по грутка од згурата?

Па не се толку глупи ливците – тие знаат дека наједноставно е згурата да истече во големи отворени бетонски базени од каде што по нејзиното ладење со машински утоварувачи или рачно со копачи и лопати може да се товари на камиони или запрежни коли за да се ослободи базенот за нов ливнички процес.

Киш во “Гробницата….“ бил безобразен и препотентен плагијатор кој плус бил и потпикнувач  бидејќи секој од расказите во “Гробница…“ го посветил на некој од тогаш влијателните книжевни  критичари или писатели а еден расказ е посветен и на Карло Штајнер, демек, еве батка, и тебе те удостоив со посвета, откако те  испокрадов.

И мислам дека по  ова  би  требало  тоа негово толку фалено дело да го викаме “Гробницата за Данило Киш“.

 

 

Категория: Технологии
Прочетен: 729 Коментари: 0 Гласове: 2
Последна промяна: 17.09.2013 09:08
  Ова е мој препев на песната “Ние ја тркаламе Земјата“ од рускиот поет Владимир Висоцки.

 

1
Од граница ние Земјата ја свртевме назад,
неразбрано делувавме како пијан плурал,
за среќа, имаме команданти кои нѐ пазат,
ја управија, со нозе опнувајќи се на Урал.
2
На крај, да се тргне дојде наредба машка,
дошло време да се пресметаме на чисто,
запомнивме како сонцето почна да се ашка
и малку недостигаше та да зајде на исток.
3
Не ја мериме Земјата со нашите чекори,
безгрижно по цвеќиња газејќи, без пизми,
нема основа да ни се упатуваат прекори,
просто, ние ја тркаламе со нашите чизми.
4
Од источниот ветар се ведне стогот сено,
во карпест завет овчари на стада им гудат,
земјината оска ја поместивме постепено,
за да го одбегнеме непријателскиот удар.
5
Не плашете се ако залезот не се трефне,
не е Суден ден и Земјата не се побркала,
туку просто, во марш, како ќе ѝ ќефне,
тоа нашата дивизија Земјата ја тркала.
6
Ползиме, секој од нас брегот го гушка,
грутките ги гмечиме бесно, без љубов,
Земјата ја туркаме со колена и пушка,
и тоа е делотворно иако изгледа грубо.
7
Тука ни најтемелната истрага не ќе најде
пред непријателот нечии раце дигнати.
Сите живи од телата имаат големо фајде,
ко бедем ни служат другарите загинати.
8
Фала на глупавото олово што не се фали
на кого својот смртен удар го намени.
Ете таму, погодениот на бункер се навали
и под него Земјата в миг се скамени.
9
Стопалата ми останаа во минска сопка,
продолжувам, мртвите другари ги жалам,
сал со лакти ја тркалам земјината топка,
ја буткам од себе за крв ненаситната ала.
10
Другар еден, простум пред огнениот напад,
се поклони до земја зашто куршум вдиши.
Но, по крвој баталјонот наш ползи на запад,
за сонцето крваво пак на исток да се виши.
11
Во тиња сведнати глави влечеме како црви,
смрдеата нѐ дави и калта во чизми шлапа,
но, важно, по небо сонцето нормално врви
зашто нашата дивизија напредува на запад.
12
Со раце и нозе, или без нив, еве ќе легнеме,
ко на свадба со роса од тревата се опиваме,
за стебленцата, со заби Земјата ја тегнеме
и, со нејзиното тло врз нас, се покриваме.

***************
Ова е оригиналот:

Мы вращаем Землю

От границы мы Землю вертели назад -
Было дело, сначала.
Но обратно ее закрутил наш комбат,
Оттолкнувшись ногой от Урала.

Наконец-то нам дали приказ наступать,
Отбирать наши пяди и крохи,
Но мы помним, как солнце отправилось вспять
И едва не зашло на Востоке.

Мы не меряем Землю шагами,
Понапрасну цветы теребя,
Мы толкаем ее сапогами -
От себя, от себя.

И от ветра с Востока пригнулись стога,
Жмется к скалам отара.
Ось земную мы сдвинули без рычага,
Изменив направленье удара.

Не пугайтесь, когда не на месте закат.
Судный день – это сказки для старших.
Просто Землю вращают, куда захотят,
Наши сменные роты на марше.

Мы ползем, бугорки обнимаем,
Кочки тискаем зло, не любя,
И коленями Землю толкаем -
От себя, от себя.

Здесь никто не найдет, даже если б хотел,
Руки кверху поднявших.
Всем живым – ощутимая польза от тел:
Как прикрытье используем павших.

Этот глупый свинец всех ли сразу найдёт,
Где настигнет – в упор или с тыла?
Кто-то там впереди навалился на дот -
И Земля на мгновенье застыла.

Я ступни свои сзади оставил,
Мимоходом по мертвым скорбя,
Шар земной я вращаю локтями -
От себя, от себя.

Кто-то встал в полный рост и, отвесив поклон,
Принял пулю на вдохе,
Но на Запад, на Запад ползет батальон,
Чтобы солнце взошло на Востоке.

Животом – по грязи, дышим смрадом болот,
Но глаза закрываем на запах.
Нынче по́ небу солнце нормально идёт,
Потому что мы рвемся на Запад!

Руки, ноги – на месте ли, нет ли, -
Как на свадьбе, росу пригубя,
Землю тянем зубами за стебли -
На себя, на себя!
image

 
Категория: Поезия
Прочетен: 221 Коментари: 0 Гласове: 1
1. љубовна    
Со ѓердан од мудрости обесена
староста во бунар си ја фрлив а јавноста, до лелек потресена, веднаш ме прогласи за брлив.   Потоа ја затрупав со кариерата, за иднината да има темел цврст, а јавноста, лута преку мерата, кодошки ме покажуваше со прст.   Години ѕидав со мојот копнеж за мојто слатко девојче чардак а јавноста, стрвна да ме сопне, збесна како мао це тунг-гарда.   Еколошката власт ми товари глоба – да им обновам бунар за нив мил – оти од него јавноста црпела злоба кога старец во чупе вљубен ќе бил. ***********************

2. Патриотска

  Откако шеесеттата година ја фатив посакав да изгледам познат и кул – ко мачо со црвен тепих пред врати за кого и подмостниот клошар чул.   За татковината да сторам чудесија, името нејзино во светот да екне – ми постана неодминлива опсесија па се молев за модус да ми текне.   Но стар сум, со провисната кожа и крцкам ко вреќа со крупен песок! Зар било што пристојно ќе можам да направам за слава и блесок?   Бог љуби чеда што неволја ги краси и ме помаза со мудротворен зејтин – ми прати идеја ем вечно да ме спаси ем на Владата да ѝ рипне рејтинг!   Пред нејната порта и тепихот црвен ноќе се изнапив бело цементно млеко! И еве ме, позирам горделиво здрвен – најсвеж Македонец од антички векој!

Категория: Поезия
Прочетен: 364 Коментари: 3 Гласове: 2
Последна промяна: 05.09.2013 15:23
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 343243
Постинги: 738
Коментари: 120
Гласове: 491