Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
моите песни - земјотресни :-)
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия
Прочетен: 316337 Постинги: 730 Коментари: 119
Постинги в блога от Февруари, 2017 г.
Кога би знаел дека горделиво ќе се држам

1
Кога би знаел дека горделиво ќе се држам
пред судовите и на робијата што ќе боли,
би палел и жарел, и на Партијата ќе ржам
и на сѐ би се спротивставил со раце голи!
2
Кога би знаел дека сам јамка ќе си турам,
душава сигурно ќе стаса во рајската фела,
и масата под нозете самиот ќе ја турнам
а за мене ќе пророни солзи и мојот џелат.
3
Но, се плашам дека ќе плукнам на сѐ свето,
дека предавнички ќе коленичам и ќе молам,
дека горделивоста не ми е пишанието клето
туку дека едино ми е важна живејачкава гола.

Оригиналот:
Matija Bećković‎
Kad bih znao da bih se ponosno držao

Kad bih znao da bih se ponosno držao
Na robijama i pred sudovima:
Žario bih, palio i sve izdržao
I svemu se odupro golim udovima!

Kad bih znao da bih sto ispod stopala
Sam ćušnuo i sam omču namakao:
Večnosti bi se moja duša dokopala
A moj dželat bi za mnom zaplakao!

Al bojim se da bih počeo da molim
Da plačem, klečim i sve da izdajem,
da bih sačuvao samo život goli,
Na sve da pljunem na sve da pristajem.

Категория: Поезия
Прочетен: 862 Коментари: 0 Гласове: 0
Последна промяна: 01.03 04:28
1
Трендафиловиот чокот во своите боцливи дланки
високо ги дигнал пехарите со крвцрвени вина,
а зелените пупки ги згустува на другите гранки
кои ги вкрстува и на голата земја ткае пелерина.
Срце, проблемите човечки и божествени се батал,
за залудните умувања само неспокојот ти е плата!
Погледни, како море блескоти утринската роса!
Почуј, среќниот славеј пее во ближната корија,
а неговите сто новооткриени јазици ни ја носат,
одново и одново, старата восхитувачка сторија. 
 2 
Ајде, затвори ги твоите книги, доста беше учениче,
зграпчи ја само легачката книга со песните омилени,
дојди на долгата зелена патека да бидеш очеличен,
како приказната птица Анка ќе бидеме раскрилени,
ко со неа на Кавказ да сме, далеку од човечки збор,
далеку од љубопитната толпа, во див, зелен честар,
доволни сме си, не ни требаат другари за разговор,
до коска да бидеме вљубени во тие осамени места,
каде во зеленолистниот спокој само славејот ечи
и каде ќе мислиме дека дури и љубовта ни пречи.
Редно е Хафиз да биде самотен во слатката пролет,
редно е Хафиз да биде опиен од нејзината песна.
Како бесмртните осаменици, сега и тој е во полет,
низ самотија и тишина влегува во челичен еснаф.
Притоа со смеа се потсетува на неговите ривали,
кои многу мислат за неговата недостижна слава.
И му наликуваат тие бедни претенциозни будали
на оној фалбаџија-ломотало со плиткоумна глава 
кој во дуќан на прочуен златар што сите го фалат
изјавил дека и тој како него е вешт со својот алат
и дека баш навалици од муштерии во дуќанот има
а всушност во дуќанот пробувал да продава рима.
*******
Препев од англиска верзија:
https://archive.org/stream/odesfromdivanofh00hafiuoft/
Категория: Поезия
Прочетен: 44 Коментари: 0 Гласове: 0
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 316337
Постинги: 730
Коментари: 119
Гласове: 486