Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
моите песни - земјотресни :-)
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия
Прочетен: 566874 Постинги: 749 Коментари: 120
Постинги в блога от Август, 2011 г.
<<  <  1 2

 

1
Плоштад заграден целиот со оперски сцени,
со примадони натафрени во бисери и срма,
и орекестри кои се составени само од жени
со фризури како штотуку излезени од дрма.
2
Четири диригентки за вниманието се борат,
партитурите како смртни списоци се читаат,
интонација им дава ск`тената Рацинова зора
во која пролетерите кон социјализмот итаат.
3
Да се потопи плоштадот со звук бродоломен,
со желба тој да биде негова праведна мерка,
та и векот на траење колку и да му е скромен
сепак да го запомнат како тиранска ѕверка.
4
Едни на други оркестрите и публика си беа -
тишината кивна, обезглавена во звукова реа.
Категория: Поезия
Прочетен: 298 Коментари: 0 Гласове: 0
Последна промяна: 10.08.2011 01:10
04.08.2011 20:14 - Фермина Даса
1 Тоа што, како девојка, на Флорентино Ариса не му го даде неговата љубена Фермина Даса, го фрли да стане бесплатен љубовен писар во пазарните денови кај сиромашната класа. 2 Младоста инатлива на хирот Фермина Даса Флорентино го витоса како вејка бесна луња но младо мевце се најде и за неговата маса - на старост со матурантката Америка Викуња. 3 А кога вдовица остана јаката Фермина Даса Флорентино залуде и младото го остави грубо па тоа збунето се отру а него клетва го стаса со бабата на брод во колера да глумат  љубов. 4 И Маркес не можел да опише поголема гнаса од самоволната инатлива маска Фермина Даса.
 
Категория: Поезия
Прочетен: 338 Коментари: 0 Гласове: 0
Последна промяна: 05.08.2011 15:39
  1
Поетот не полага за да има сообраќајна дозвола
за метафорите да ги вози на патот кон славата;
тој е покераш кој за себе карти дели одоздола,
со надеж дека на читателот празна му е главата.
2
Поетот нема лиценца за книговодител на зборот
но радо станува стечаен управник на смислата;
тој секогаш се закатанчува на чело на секое оро
и офка дека за мудроста му нема рамна исплата.
3
Со заблудите свои тој не може да се разминува
оти истовремено ги зафаќа двете ленти од патот;
фалангата на неговата суета мора да се аминува
и пофалбата за него мора да е облечена во злато.
4
И само на неколкуте поети во сета светска доба
пајак им ја однесе погрешно паркираната злоба.  
Категория: Поезия
Прочетен: 329 Коментари: 0 Гласове: 0
Последна промяна: 03.08.2011 19:50
  1 И шеесет и три мозочни јатки да имам, и од сите религии Богот да ми е ортак, и господар да сум на цунамната плима - сето тоа би го дал за тапан пред порта. 2 Во трепетот на прачката срцето ми лебди, кијакот како токмак на наковална ме кове, ми го крши оклопот на бостански тебдил - да станам гордост на пештерскиот човек. 3 Огнот нѐ штитеше од ѕверот во ноќна фрка но дење во пештерата тој си наоѓаше згоди сѐ додека со тапанот не започна да го брка и жената и болниот и детето кое едвај оди. 4 Тапанот е пород на опстанувачките нужди и прадедо на сатанските стихови на Ружди.
image
Категория: Поезия
Прочетен: 304 Коментари: 0 Гласове: 3
Последна промяна: 01.08.2011 18:16
<<  <  1 2
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 566874
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502