Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
моите песни - земјотресни :-)
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия
Прочетен: 566934 Постинги: 749 Коментари: 120
Постинги в блога от Май, 2012 г.
<<  <  1 2
  Ова е мој препев на песната „Дур`ветрот дува“ од американскиот поет Чарлс Буковски.

 

1
Додека откај морето ветрот пак се раздува
и земјата е извалкана со разврат и крекови,
со сабјата на изборот внимателно газдувај:
она коешто било племенито пред векови,
или само пред години или пред една сабота -
сега сѐ почесто испаѓа дека е залудна работа.
2
Запомни, животецот твој само еднаш се живее,
за да ги прави луѓето будали, историјата дивее;
ако племенит ти се чини идеал или чин, ти не биди прек,
кон татковината, љубовта или уметноста биди на штрек,
нека не те завлече мигот, или убавината или политиката
зашто често се завршува како цвет покосен од мотиката.
3
Љубов да, но не ко брачна увертира за која се гребат;
варди се од претерана работа и од лоша храна и пиво:
дај си себе време и пиј токму колку што тебе ти треба
за континуитет и за да стекнеш нова шанса за живот.
Живеј што повеќе сам, имај деца ако тоа се случи -
ама гледај да одбегнеш за животот ти да ги учиш.
4
Не се карај наситно, освен ако некој те поклопи одозгора,
за да те уништи како тело и душа, тогаш убиј, ако мораш;
и кога ќе дојде време да умреш, не биди себичен и жален
тоа ти е бесплатно патување, без срам за тоа како си кален:
времето ќе тече и дури ветрот дува откај морската шир,
твоите коски вечноста ќе ги заплискува со блажен мир.

Категория: Поезия
Прочетен: 1156 Коментари: 2 Гласове: 0
Последна промяна: 05.06.2012 21:39
<<  <  1 2
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 566934
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502