Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
моите песни - земјотресни :-)
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия
Прочетен: 566897 Постинги: 749 Коментари: 120
Постинги в блога от Декември, 2010 г.
<<  <  1 2
 ТИПЛА ВО НЕБО
(погрешен сонетен венец)
1/1. ЧИРАК
Годините осум ко во сон истекоа
со искушение гладно за зрелост; занаетот сал песните го испекоа - срцево е уште чирак без смелост.
Бар вистина да беше викот срамен кога збеснат дечко ми скрши заби, зашто божем со тебе сум ги мамел обете негови вдовичени баби!
И додека скутој стрвно им резбав дрочејќи лава за разблуден вулкан, срце со копнеж за тебе си вежбав; да дочека со твоето заедно да чука, во скутот твој нежно да го лулкаш - зашто љубовник ќе му биде струка. ◄
1/2. СТАРСКИ СМУТ
Од рокот со друг среќа да бараш
сенка остана а ти не ме ни праша како се сушев ко ќебап на скара без стисок нежен од твојта маша.
Така го почнав духовниот подем - ремонт да правам на мојата есен! Му крадам код на божјиот модем, љубовта ја учам ко занает чесен!
Се надевам дека ќе дојде денот како воле да ти пасам во скутот и да се опивам од твоето сено! А може и кај тебе котирам ниско - како полжав што нарогушен луто лигави за да го пуштат во диско. ◄
1/3. БИЛДЕР
Разочарани, Фројд и Јунг ми рекоа
дека грдо со нив сум се биел шега: од `несвесното` мисли ми дотекоа гонет од себе кон тебе да бегам!
Вместо јуначки за гроб да зборам, за каков спомен ќе оставам трага - килав вежбам дечко да се сторам а стрвното либидо ми крепи снага.
За потсмев злобен запечатив уши, спартански горд срце си калам, умре оној јас ко турчин што пуши. Па иако чавка ми го испила умот и ме бодиња на тебе да се палам, среќен сум што разбираш хумор. ◄
1/4. ЕФТИНА ПРОПАСТ
Дека ќе воскресне љубовта стара - надеж луда е што срце ми бодри со мудроста кога најлуто се кара и ја отекува со подливи модри.
Па иако годините ми збрчкаа кожа и ги прокоцкаа сите црни влакна, желби кон тебе сеуште се множат, срцево од дремка ми го плакнат.
Ај помисли дал` пристојно е фајде живот со мене ефтин да си купиш оти смисла повисока не ќе најдеш. И не се лути што завивам ко волк, со стих што ко минер поткоп дупи, решен да го распрсне твојот молк. ◄
1/5. СМЕШЕН ЛОВЕЦ
Ако и сега ко тогаш страв те кочи и молкот твој го множи ко време ѕирни мигум во твоите црни очи да видиш дека мила надеж дреме.
Под капак од горд очај обезбедена, за среќа да види макар и на кратко, чека таа од твојте солзи исцедена на светов да се принесе ко слатко.
А ако и за тоа храброст ти фали - нацрпи од срцево в зима што цути и за твојот неспокој мирен е залив. На страста загари кон тебе здадени лајат весели дека не ми се лутиш ој,ти слатко мое од цреши крадени. ◄
1/6. РЕМОНТ
Цврсто да веруваш во среќа нова, азбука на волјата е што се учи; не давај сомнежите да те ловат, лошо со мене не ќе ти се случи.
Јазот години навидум е стален и за обајцата исто време тече ама копнежот ич не ми е смален и само те чека ела да му речеш.
Па и ако дури баба ко ќе бидеш посакаш да ти бидам чедо-дедо не се плаши дека ќе сум гнилеж. Со духот твој крвта ми ја смени на вечноста й украде од медот - и ти сега течеш во моите вени. ◄
1/7. ЗАДОЦНЕТА СРЕЌА
Во сомнежот вгради мачкини очи да ме читаш без глава да те боли; на слуден човек не му имај почит - нудизмот негов духовен е пролив.
Препорака прими ко добар метод, емоции и состојби не мешај на куп; и не го слушај што ќе куди светот зашто без тендер станав твој закуп.
Плаќаш со твојте јадови и солзи за лудата радост на моето чекање што кон измамна старост ползи. А кога ќе ги опашам стоте појаси - дури и да ме гушнеш со лелекање биди среќна ако се сетам која си. ◄
7/8. МИДЕР
Ехата од мојте мисли да ги ловат на едни алапачи им е мило хоби; клиторис би дале да им штроват да не успеам кај тебе со пробив.
Знаат дека јак сум, иако старец, вежбам и како дервиш кружам, живо месо јадам да бидам јарец, алчен тебе довек да те дружам.
Време мине во најслатка надеж дека нема да ми гласаш против - на копнежот шанса ќе му дадеш. Но,ако љубовта и шега само биде прекрасна е и за живот мотив - а на духот добро стокмен мидер. ◄
1/9. ШЕГА ОД ЧЕХОВ
Тој порив мој кон тебе што зрачи се роди од твојата детска шега - кога тажно срце на мечта си качи а тоа прометејски повте да бега.
Но ти помисли дека зол е мотив старец да ги пие твојте сокови; дивиот пулс со страв го скроти, со разум и обѕир му стави окови.
И еве бидна затишје след бура но нема заборав да залечи рани - затоа со песниве кон тебе јурам! Може венецов ко лук го плетам ама со кикот душа ми се храни - санката на Чехов сеуште лета :-) ◄
1/10. БЛУДЕН РЕЦЕПТ
Ко сврделна надеж ум ќе ти длаби црв огнен дека сеуште си гладна во вистина мудра да вкопаш заби и така занавек да останеш ладна.
Но дур` чекаш ред за божји залак нароси си аура со земски зачин; тагата и очајот фрли ги ко скала, мојот копнеж по нив да се качи.
Духот ти е побожен а смело лета, измешај го со мојот див и мрсен па обата во восхит да се сплетат. И Рај и Пекол со спасенија димат, ај да ги слееме во блуден прстен - за во двата сигурно да нĕ примат. ◄
1/11. СЕДУМ НЕБА
Од тебе сама помалку да те мачи пишувам сонет да ти биде химна да си го читаш, лигав и плачлив, солзи да ти бидат завеса димна.
Од Шекспир крадам лесна форма, финти од Пеколот на Данте копам; се тешам дека достижна е норма твојот мраз со песна да го стопам.
Реално те читам од лево на десно но срцево опаку го менува стилот и пак те открива ко девојче чесно. За да љубам - разум не ми треба, оставам срцево да ми биде пилот, да ме дигне до твојте седум неба. ◄
1/12. ВОСКРЕСЕНИЕ
Среќата нема темел на тло цврсто - таа мудрост во генот ми е всадена, па затоа не би си го дал ни прстот за почит што велат дека е крадена.
Дали заблуда ко вистина примив па сега ме разубедуваат и со вето? Ме оградија ко депонија што дими полакомена да го восхити светот.
Дух воскреснал и зар јас сум крив што моево тело баш убаво му стои да покаже дека е среќен што е жив? Соседот завидлив љубоморно кенка, кaко дворски шут интриги ми крои, ама ќе вене вечно под мојата сенка. ◄
1/13. КАКО СЕ КАЛЕШЕ ЧЕЛИКОТ
Ко типла во небо ѓаволот ја забил судбината што ме зела на нишан па јас ко мета слепечки ја зграбив со верба дека тебе сум ти пишан.
По логови дамни копам ко клошар, од молци ја пазам нашата архива; старост орочив, но камата трошам, надежта со песни ја учам да плива.
И така весели деновите ми минат плата ми е ќефот тебе да те чекам иако ме лаат дека умот ми е шинат. Фала и на судбата што ми те дала и само како копнеж да си ми река во која челикот секој ден го калам. ◄
1/14. БЕБЕ-ШАМАН
Ама по неа пека и Исус од крстот - богохулна фраза што ќе ме теши ко капка среќа, исцедок од грстот на Хаосот кој во чекори згрешил.
Во духот ти ми капна и ја сопре алчната суета за чест и слава; до мудрост детска и јас допрев - најмногу земаш кога се даваш.
И еве ме - џамбаз што ти нуди венец сонетен за да не си сама, сплетен од мојте неверни Јуди. Па иако е грубо така да кажам, во него јас сум бебешки шаман - за среќа твоја вечно ќе вражам. ◄
1/15. ТИПЛА ВО НЕБО
Годините осум ко во сон истекоа Од рокот со друг среќа да бараш; Разочарани, Фројд и Јунг ми рекоа Дека ќе воскресне љубовта стара. Ако и сега ко тогаш страв те кочи Цврсто да веруваш во среќа нова, Во сомнежот вгради мачкини очи Ехата од мојте мисли да ги ловат. Тој порив мој кон тебе што зрачи Ко сврделна надеж ум ќе ти длаби Од тебе сбма помалку да те мачи. Среќата нема темел на тло цврсто Ко типла во небо ѓаволот ја забил Ама по неа пека и Исус од крстот. ◄
Забелешка: Сонетниов венец ќе го направам правилно кога ќе се случи песната во проза
2. ВОЗВРАЌАЊЕ
Мило мое девојче...ти, што на твојот дваесет и втори роденден силвијаплатовски ми изјави 
дека не сакаш да живееш повеќе од 45 години, сега осаменичка стара мома си и тетка горда на вниманието што твоите внуци од сестрите утре нежно ќе ти го посветат за твојот шеесетти роденден. 
Весело испазари за прославата и малку претешко ги товари твоите кревки раце ама полетот 
ти го расипа дури заглавениот лифт пред кој бришејќи ги замаглените наочари уморна помисли дали одисејата од две илјади и првата воздишка до станот ќе ја издржат твоите нозе чиј корен ти никогаш не даде да го допрат моите усни. 
И тогаш ти пријде едно острижено и поостарено од тебе пргаво маже па кавалерски насмеано 
ти ги грабна торбите и молкум тргна угоре почекувајќи те на одмориштата за да го следиш со погледот во кој кога беше девојче залудно ти се бев удавил јас. 
Пред врата, благодарна на чичето, шеговито му кажа `фала дечко` а тој само молчеше и 
насмеан зјапаше во тебе.

Ти смогна храброст заводнички да го поканиш на едно кафе ама
зајадливиот одговор `Чао бабичке, јас сум по девојчињата` беше само увертира на нокаутот што го доживеа кога доцна вечерта ти текна дека чичето бев јас. :-)

-------
image
 
Категория: Поезия
Прочетен: 1096 Коментари: 1 Гласове: 0
Последна промяна: 09.12.2010 18:03
07.12.2010 21:14 - СЕТА СРЕЌА



Иднината е просената јамболија
изедена од нашите надежи
кои се всушност квантни молци во неа
што ги проектираме преобилно
а со тоа влијаеме за создавање дупки 
во кои пропаѓаат шансите
доброто и среќата
да се случат
по редовниот тек на работите.

Затоа оставете ја иднината на мир,
надежта нека биде само една -
да нема несреќа
и тоа нека ни биде сета среќа.
Категория: Поезия
Прочетен: 492 Коментари: 1 Гласове: 0
Ова е мој препев на песната “В земята на смълчаните чешми“ од одличниот бугарски поет Чудовиштето   ЧУДОВИШНА ПЕСНА
Таму чешмите се заветувале на молк па нурнувам во старините блажени. Стомни не носат момите над колк, не ги дебнат ергените навлажени.                       Водата потонува штом ќе бликне - по свадби, крштевки или помен. И нема птици, сал синевина никне и ти во неа како сон и спомен.
На твојата патека во заседа те чекам да станам светулец во твојот прцел, за голтка од твојата стомна да пекам, на извор, од жед да умре моето срце.
Пред олтарот со тебе јас не стапив, на сончевиот залез другар ќе бидам;  но во сон светол од сокот ти се напив и од овој свет чист ќе си отидам.

...
 
Категория: Поезия
Прочетен: 1911 Коментари: 4 Гласове: 2
Последна промяна: 04.12.2010 22:37
<<  <  1 2
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 566897
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502